Жени молчете! Научно е докажано дека расправиите го кратат животот на мажите

 

Истражување спроведено во Данска покажа дека досадувањето го скратува животот на мажите.

Истражувањето кое се спроведе врз 9.857 мажи и жени, покажа дека постои зголемена стапка на смртност кај мажите кои се во врска или брак, во кои постои чест конфликт предизвикан од жените.

Инаку од нив 315 умреле од стрес кој се претпоставува дека е предизвикан од честите расправии со партнерката.

„Мажите, за разлика од жените, имаат помалку личности со кои можат да ја споделат грижата. Разговори за приватни теми водат со неколку пријатели или членови на семејството, а некои мажи за тоа никогаш не разговараат. Тоа е можна причина зошто стапката на морталитет кај мажите е зголемена“, рече докторката Рика Лунд од Одделението за јавно здравје на Универзитетот во Копенхаген и додаде дека мажите стануваат депресивни и го губат здравјето, кога нивните партнерки стануваат главна причина за грижа и нервози.

Таа истакна и дека кога мажите се под стрес, се склони кон брза храна и алкохол, а ги мачи и несоница, со што нивното здравје се нарушува. Од друга страна истражувањто покажа дека жените за разлика од мажите помалку се вознемируваат кога партнерот ќе им раскине.

 
 
29.10.2015 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега