Шокантна изјава која ќе ви помати умот: „Вашиот нероден брат е татко на вашето дете“

 

-Господине, вие не сте татко на вашето новородено дете, туку вашиот нероден брат е негов татко.

Се збунивте ли? Прочитајте го текстот за да ви се разјасни оваа шокантна и збунувачка изјава.

Еден 34-годишен американец е единствен познат случај на човечки химери - организам составен од две или повеќе генетски различни клетки.

Тој и неговата сопруга добиле син зачнат со вештачко оплодување, а подоцна дознале дека според неговата крвна група, тој не може да биде татко на детето.

-Може да замислите колку родителите биле вознемирени. Мислеле дека во клиниката за вештачко оплодување користеле друга сперма, изјавил генетичарот Бери Стар од Универзитетот Стенфорд.

Лекарите од клиниката ги уверувале дека не дошло до замена на спермата, па поради тоа двојката изнајмила адвокат, по чија препорака таткото и синот ги подложиле на ДНК тест.

Преку тестот дознале дека таткото всушност е чичко на својот син.

Уште повеќе се збунивте?

Колку и да ви се чини неверојатно, и ова е можно.

Таткото ги впил гените од својот брат близнак кој починал во матката, а потоа неговите гени ги пренел  на својот син.

- Човечките химери се вообичаени, но многу е тешко да се откријат. Обично излегуваат во јавност во вакви необични случаи - заклучил биологот.

Навистина бизарна, но уникатна приказна.

 
 
28.10.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега