Северина им забрани на гостите на свадбата да...

Северина и Игор ќе стапнат на лудиот камен, а пејачката која ги планира и најмалите детали од свадбата има листа за тоа што смеат а што не смеат да прават гостите на специјалниот ден.
Убавата Хрватица која се мажи со помладиот син на пејачот Кеба, им забрани на гостите да фотографираат на свадбата, да прикачуваат фотки на социјалните мрежи и да дадат било каква информација за прославата. Како и многу други познати личности, и хрватската пејачка и нејзиниот вереник се одлучиле да ги избегнат медиумите поради што ќе има голем број на припадници на обезбедувањето кое нема да дозволи било кој од претставниците на медиумите да влезе во ресторанот. веќе се договориле на кој магазин ќе му дадат ексклузивна фотка од свадбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









