Исповед на наставничка која згреши со Ноле: Кој би помислил дека ќе биде најдобар тенисер?

 

Додека Новак Ѓоковиќ бил ученик, наставниците немале разбирање за неговите обврски.

Директорката на основното училиште Здравка Марјановиќ, изјави за српските медиуми дека наставниците згрешиле со Ноле.

Инаку најдобриот тенисер од петто оделение, основното училиште го завршил вонредно, бидејќи спортските обврски не му дозволувале да учи редовно, а неговите изостаноци претставувале проблем за настивниците.

„Тоа ни беше лекција. Кон сегашните генерации сме многу потолерантни. Од него научивме дека треба да ги поддржуваме спортистите и да имаме максимално разбирање за нивните амбиции“, рекла директорката.

Како што кажува таа, тогаш ниту еден наставник не претпоставувал дека Ноле ќе биде прв рекет во светот.

 
 
26.10.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега