„Вереникот ме изневеруваше со мојата родена мајка“

 

Да дознаете дека вереникот ве изневерува со вашата родена мајка, тоа е ужасно. 

- Имав 24 години кога Енди ме запроси. Беше најубавата ноќ во мојот живот, вака ја започнува приказната Кајли Хогејт (26) од Велика Британија. 

- Не можам да дочекам да станам твоја жена, тоа му го реков, гледајќи во дијамнтскиот прстен...„ и да го поздравиш нашето девојче “, додаде низ смеа. Енди тогаш имаше 29 години. Се забавуваме три години, а веднаш дознав дека тој е вистински. Меѓутоа, кога бев во четвртиот месец од бременоста о првото дете, почнуваше да се менува. Премногу пиеше и постојано се расправавме, па па ја прашував мојата мајка Мишел (47) за поддршка. 

- Не грижи се душо, ќе поразговарам со него, ме тешеше мојата мјак - моја утеха и најдобра пријателка. Таа убаво се согласуваше со Енди што многу ме чудеше тоа. Со мојот татко беше во брак 30 години и секогаш радо ги примав нејзините љубовни совети од неа. Кога родив ќеркичка, мајка ми секогаш ми беше при рака. Една вечер, заминав порано во кревет, а ме разбуди плачот на мојата ќерка. Поспана тргнав до кујната да и го спремам шишето со храна. Одеднаш, слушнав во дневната соба разговор. Отворив врата и ги видов мајка ми и Енди прегрнати на креветот. Гледаа во телевизор, гледаа порно филмови. 

- Што правите, викнав  на глас. Мама рипна од креветот, а образите и гореа. „Ставивме погрешно ЦД“, ми одговори, Што мислиш дека јас сум глупава?, и реков, а потоа во разговорот се вклучи и Енди. Не биди толку несигурна, уморна си затоа си така нервозна, ми рече и ме натера да почнам да се преиспитувам. Следното утро се однесуваа како ништо да не се случило и заклучив дека сум параноична. 

Постепено, се се врати во нормала и по седум месеци подоцна повторно забременив. Енди и јасбевме пресреќни. Меѓутоа, една вечер се врати од еден бар и побесна што вечерата беше ладна. Ме удри. Веднаш повикав полиција и го осудија на 18 месеци условна казна. Му ги спакував работите и го избркав од дома. Забележав дека на мајка ми и недостасува. 

Тој е навлечен на алкохол. Се надевам дека некаде ќе пронајде помош да се тргне до него, често тоа го зборуваше. Четири месеци подоцна, го родив синот. Иако се трудев да продолжам со својот живот, мама постојано го споменуваше Енди и ми пкажуваше што прави тој.

- Оди на терапија, се лекува од алкохолизам и оди  кај психијатар за да научи како да го контролира бесот, ми рече, додавајќи дека треба да се смириме. Се замислив и си реков можеби е во право. Сепак имаме две деца. После месец дена се сретнавме. - Зал ми е што ти го направив тоа, но ќе се променам, престанав да пијам, ми рече. 

Го погледнав во очите и се присетив на денот кога се заљубив во него. Решив да му простам. Се пресели кај нас и во наредните две години се беше сјајно. Решивме да се венчаме. Меѓутоа, како што венчавката се приближуваше тој беше се повеќе депресивен. Покрај тоа и мојата мајка се однесуваше чудо. 

Една вечер, како да ми влезе ѓаволот и решив без да знае мајка ми да и го погледнам телефонот. Видов многу пораки од ендија, Ја отворив првата и прочитав „ Ќе ти приредам незаборавна вечер“, и напишал. 

Почнав да плачам и тогаш сфатив дека вереникот ме изневерува со родената мајка!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега