ВИДЕО: Се качи на сцена, танцуваше, го скрши носот, а потоа...

 

Рускиот талент шоу „Танц“ непланирано доби дополнителна доза на драма, кога младата танчерка Екатерина Кондрашин во текот на настапот го скрши носот. 23-годишната девојка настапи на аудицијата во градот Гелендџик во југозападниот дел на Русија, претставувајќи се со модерна кореографија која во еден момент тргна наопаку која таа тресна со главата и го скрши носот. Сепак, како професионалец продолжи да танцува како ништо да не се случило. 

Судиите беа во шок, а иако персоналот во бекстејџот и пружи прва помош, на крајот таа сепак заврши во болница поради скршениот нос  и тоа пред да добие оценки од жирито.

- Не е важно колку пати ќе паднете, она што навистина е важно е колку пати можете да станете, рече Екатерина по инцидентот. 

Видеото погледнете го ТУКА

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега