ВИНО СКОП: Вино, деликатеси и музика од 30 септември до 4 октомври
Над 20 македонски вински брендови го потврдија учеството на 9. издание на Македонскиот вински фестивал - Вино Скоп 2015 што од 30 септември до 4 октомври ќе се одржи на паркингот кај Аквапаркот во СРЦ „Борис Трајковски“.
На настанот, како и секоја година, винариите по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и македонски деликатеси кои одат со чаша вино.
Во забавниот дел ќе настапат Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус...
Фестивалот е во организација на „Темов“ со поддршка од Град Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа