Македонија во ЕУ може да извезува производи од говедско месо - до крајот на годината се очекува извоз на производи од риба
Македонија може да ги извезува сите производи од говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, пренесе МИА.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на МИК Свети Николе, Поповски нагласи дека до крајот на годинава се очекува да биде овозможен и извозот на сите производи од риба.
Во однос на свинското месо, додаде, засега во ЕУ Македонија може да извезува само конзервни производи.
- Агенцијата за храна и ветеринарство организира состаноци со преработувачите и кланичната индустрија за да ги запознае со можностите да аплицираат и да се најдат на листата извозници во ЕУ, истакна директорот Поповски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа