Отворен нова фабрика во ТИРЗ Скопје- инвестиција од 10 милиони евра ќе вработи 200 лица

 

Tехнолошко индустриска развојна зона- Скопје се збогати со уште една нова инвестиција. Италијанската „Макдиа“ која денеска ги отвори вратите, е седмата по ред компанија во ТИРЗ. Водечката компанија во дигиталната печатарска индустрија „Макдиа“ инвестираше 10 милиони евра, а ќе вработи 200 лица. 

1350002794936

Премиерот Никола Груевски кој денеска присуствуваше на отворањето на новата компанија истакна дека бранот на инвестиции во Македонија продолжува, а технолошко индустриските развојни зони се пример како од ништо може да се направат многу фабрики.

Потенцираше и дека, преку „Макдиа“ директно ќе се зголеми и извозот, бидејќи оваа компанија ќе ги пласира своите производи во Источа Европа, Турција, Северна Африка и Персиски залив.

50000094927

-Новите фабрики се нашиот најголем промотор, рече Груевски и додаде дека Македонија и понатаму останува добар домаќин.

 

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега