Општина Аеродром до жителите: Паркирајте на паркинзи, а не на зеленило и тротоари!
Општина Аеродром ги повикува граѓаните да не ги паркираат своите возила на тревници, плочници и пешачки патеки
Исто така, апелираме да не се паркира на местата обележени за лица со хендикеп, за да им се овозможи остварување на нивното правото на паркинг.

Во следниот период комуналната инспекциска служба на општина Аеродром во соработка со пајак-службата ќе врши отстранување на непрописно паркираните возила и ќе им изрекува мандатни казни на возачите кои ќе бидат фатени како непрописно ги паркираат своите моторни возила, или, пак, се движат по патеките, со цел да ја зголеми еколошката свест кај граѓаните и да го подигне урбаното живеење на повисоко ниво.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









