ФОТО: Се запознале на одмор и се заљубиле- тој има 21 таа 77 години

 

Дека љубовта не познава граници е изјава која е добро позната, но случајот на Дороти и Рафа е навистина бизарна.

Британката Дороти Симс (77) отишла на одмор во Тунис и се вљубила во келнерот, 21 годишниот Рафа.

-Правев се да го одвлечкам во хотелската соба, вели Дороти.

Но бракот не траел долго, откако Рафа не добил дозвола за влез во Велика Британија.

Својата приказна Дороти ја раскажа за серијалот „Се омажив со келнер: Љубов на сонце“ кој се прикажува на  ITV.

- Имаше силна привлечност меѓу нас веднаш штом се запознавме. Јас не иницирав ништо, тој ми испрати писменце со кое ме покани на кафе. И реков на сестра ми - што бара тој со мене на кафе, стара баба, кога има толку млади „пилиња“ околу себе, се сеќава Дороти.

Следувал период на романтични денови во кој Дороти и Рафа решиле да стапат во брак. Тоа и го сториле, но Рафа не добил дозвола за престој во Велика Британија.

Бракот на далечина не опстанал, а тој решил да побара работа во Саудиска Арабија. Дороти е неутешна!

25.09.2014 - 09:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега