Никој не може со него- Силвестер Сталоне покажа како вежба во осмата деценија- неговите фанови полудеа (ВИДЕО)
Силвестер Сталоне, кој неодамна ја покажа својата вила, вредна 35 милиони долари во која има спа центар, 7 спални соби и многу повеќе, ги воодушеви своите следбеници со нова објава на Инстаграм.
Легендарниот Роки покажа дека возраста е само бројка и дека дури и во осмата деценија тој е еден од најредовните посетители на теретаната, каде ја одржува врвната форма.
Тој сподели мал дел од една тренинг сесија на својот профил и покажа како крева тегови од околу 20 килограми.
"Добро" тешко "утро! Удри силно до последното bвонче", напиша тој.
Неговиот пост мотивираше и воодушеви многу обожаватели кои му оставија бројни пораки во коментарите.
„Браво“, „никој не може со тебе?!“, „Мој идол“, „Легенда“, „Што мислите, дали слуша песна од Роки?“ гласеа само некои од нив.
Погледнете го „лесниот“ тренинг на Сталоне:
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа