Најголемата тајна на „Пријатели“: Рос и Рејчел открија што се случувало после сетот, фановите „полудеа“
Собирот на „Пријатели“, обожавателите на оваа серија ги доведе до целосна екстаза, а сега се појавија и детали од снимањата.
Имено, емисијата емитувана на 27-ми мај, после 17 години од последната епизода на популарната серија, откри многу тајни, а фановите особено се воодушевиле кога слушнале што се случувало помеѓу популарниот пар Рејчел Грин (Џенифер Анистон) и Рос Гелер (Дејвид Швимер).
Првпат Рејчел и Рос се бакнале во 1995-та година во кафулето „Central Perk“, а искри биле забележани и надвор од сетот. Имено, тие двајца си се допаднале еден на друг, имало хемија, но никогаш ништо не се случило.
„Се сеќавам дека еднаш му реков на Дејвид дека навистина ќе биде глупаво ако првпат се бакнеме пред камерите на национална телевизија. И навистина, првпат се бакнавме во кафуле“, изјавила Анистон на повторното собирање на „Пријатели“.
„Двајцата чувствувавме силна хемија, но бевме како два бродови кои постојано се одминуваат, бидејќи еден од нас секогаш беше во врска. Никогаш не ја преминавме таа граница, знаете. Го почитувавме тоа“, рекол Швимер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа