Млад маж ќе одговара кривично - полицијата дома му најде пушка и куршуми
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа попладнево од СВР Велес.
- На втори јуни 2023 година, со наредба од суд, бил извршен претрес во неговиот дом. Притоа биле пронајдени и одземени воздушна пушка со оптички нишан, пет патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар. При претрес на неговото патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени осум патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола, појаснија од СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа