Метју Пери го продаде супер луксузниот стан во Лос Анџелес за над 20 милиони долари
Актерот Метју Пери го продаде својот стан во Лос Анџелес, а според „L.A Times“, тоа е најскапата продажба на кондо во Јужна Калифорнија во последните неколку години. Буквално, никој друг човек не продал стан за толкава сума од 2015 година.
Имено актерот го купил својот луксузен стан за 20 милиони долари во 2017 година, а потоа, за две години подоцна се обидел да го препродаде за 35 милиони долари – што би било профит од 15 милиони долари. Потоа, тој ја намалил цената на 27 милиони долари, а потоа и на 23 милиони долари, пред да ја продаде за 21,6 милиони долари долари.
Според странските медиуми, станот со површина од 9.300 квадратни метри го опфаќа целиот кат на „Century Tower“, има четири тераси со прекрасен поглед, соба за билјард, просторија за кино, четири спални соби, 6 бањи и има три паркинг места. А самата зграда има базен, огромни градини и врвна безбедносна служба – што добро ви одговара кога сте позната ѕвезда како Метју Пери.
Имено, Метју и остатокот од неговите колеги од култната серија „Пријатели“ добиле најмалку 2,5 милиони долари за нивното обединување на „HBO Max“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа