Легендарна изјава на Ал Пачино: Кога некој ќе ве предаде, вака треба да му одговорите!
Легендарните изјави на Ал Пачино многу често се читаат, а она што го кажал за предавството на блиски личности, треба сериозно да се сфати.
„Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат своите деца, оние коие се заколнале на вечна љубов, преку ноќ стануваат рамнодушни, мажот ја напушта сопругата - сите овие ситуации се дел од животниот пат“, вели тој.
„Кога некој ќе нè повреди, важно е да запомниме: Тоа не се случило затоа што сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога врне, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време“.
Веднаш штом ќе го разберете ова, ќе станете имуни и психички посилни. Треба почесто да се водиме до овој став. Луѓето поминуваат премногу време барајќи ја вината во себе, а тоа не им помага ни најмалку.
Како да одговорите кога некој ќе ве предаде или повреди?
Не собирајте негативна енергија, не барајте објаснување и не ја продлабочувајте расправијата. Решението е многу едноставно, а еве како актерот го објаснува.
„Не трошам време на луѓе кои ме повредиле. Не се враќам кај нив и не размислувам премногу за тие ситуации. Немам време да ги мразам оние кои ме мразат, премногу сум зафатен со оние што ме сакаат“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа