Краделе што им дојде при рака во маркети - Македонската полиција ги фати
Македонската полиција вчера уапсила двајца крадци кои оперирале на територијата на Пробиштип.
Од МВР соопштуваат дека вчера во 14 часот и 35 минути од слобода биле лишени 28-годишниот С.А. и 40-годишниот М.Е. од Штип, поради сомнение дека на 27.01.2025 извршиле две кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи.
Исто така, тие се сомничат дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа