Костадиновски за МРТ: Сите реформи во правосудството да бидат согласно Уставот

Претседателот на Уставниот суд проф. д-р Дарко Костадиновски гостуваше во централниот Дневник на МРТ кај новинарот Стојан Трпчевски и одговараше на прашања поврзани со правосудството, приоритетите во неговиот мандат, значењето на новиот Акт и позитивните ефекти кои се очекуваат од неговата примена. На прашање во врска со актуелните реформи кои се најавуваат во правосудството Костадиновски нагласи дека секој треба да го почитува Уставот и реформите треба да се носат во согласност со уставните начела и принципи. 

„Состојбите се општопознати, појдовна точка е недоверебата во правосудниот систем. Сосема е легитимно органите кои имаат уставно овластување и уставна надлежност да ги нормираат општествените односи или веќе нормираните општествени односи, ако увидат слабости да пристапат кон измени или дополнувања на одредени законски решенија. Тоа е легитимно право и уставно овластување на тие органи. Она што за мене како претседател на Уставниот суд е битно, не е да ја ценам целисходноста на нивната намера, тоа не е надлежност на Уставен суд, наша надлежност е тоа што ќе се нормира ако проценат дали во оваа област или во било која друга област ќе има потреба од измени и промени да биде во согласност со Уставот. Примарна работа на секој еден граѓанин, на секоја институција е да го почитува Уставот. Тоа важи за мене, тоа важи за Вас, за Владата, Собранието…Од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот”, истакна Костадиновски. 

04.07.2024 - 20:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега