Каде е долниот дел од телото на девојчето?-Оптичка илузија предизвика бура од коментари (ФОТО)

 

Мајка на девојче кое игра во паркот ги збуни корисниците на социјалната мрежа. Имено, фотографијата е всушност оптичка илузија, а на неа се гледа девојчето од половината нагоре, а она што предизвикува зачудување е долната половина на телото, која се чини дека необјасниво тоне во бетонот.

Според „Мирор“, мајката ја споделила фотографијата на „Редит“, која набрзо стана вирален хит и предизвика лавина коментари.

Фотографијата доби скоро 70.000 лајкови и коментари во кои многумина признаа дека не можат да разберат што се случува.

Некои во коментарите напишаа дека разбрале што е „финтата“, додека за други фотографијата предизвикала многу проблеми.

- Одличен пост! Признавам дека морав да ги погледнам коментарите и малку повеќе се мачев - коментираше еден корисник, додека еден корисник напиша: „Мене ми е лошо да го гледам ова затоа што мојот мозок не може да сфати што се случува“.

Сепак, некои успеаја да објаснат што се случува.

- Има ѕид пред неа! Тоа е, стои зад подигната површина што е во иста боја со тротоарот зад неа - објасни еден корисник на Redit.

25.05.2021 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега