Јавен обвинител ги обезбедува снимките од објекти на Бит Пазар каде вчера во престрелка загина 30-годишник
Телото на загинатиот во вчерашната престрелна на Бит Пазар е предадено на обдукција, а од лице место прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење.
Основното јавно обвинителство соопшти дека извршен е увид на местото на вчерашната вооружена престрелка.
-По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот, велат од ОЈО.
26.04.2025 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа