Избувна пожар во куќа во скопско Стајковци, 44-годишен маж заврши во болница

 


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.30 часот во с.Стајковци, скопско, настанал пожар во куќа во која престојувал Д.М.(44) од Скопје.

При гаснење на пожарот, тој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

20.02.2025 - 15:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега