Хелен Мирен ќе го води квизот „Хари Потер“
Холивудската ѕвезда Хелен Мирен ќе биде домаќин на квиз-серијата „Harry Potter: Hogwarts Tournament of Houses“ по повод 20-годишнината на филмската сага.
Оскаровката изјави дека е пресреќна што ќе биде дел од програмата што ќе ја одбележи годишницата.
„Знаев дека некогаш ќе добијам улога во Хари Потер и многу сум задоволна што ќе учествувам во прославата на 20-годишнината на филмот“, рече Мирен.
„Филмовите инспирираа таква волшебност и чудо за многумина од нас и ќе биде вистинско уживање повторно да ја оживееме таа магија за безбројните фанови што продолжуваат да уживаат во овој магичен свет“.
Квиз-серијата првпат беше најавена во мај како дел од плановите на „Ворнермедија“ да ја одбележи годишнината од „Хари Потер и каменот на мудроста“ придружувајќи се на посебната ретроспектива. Серијата ќе има четири дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа