Хари и Меган повторно ја изненадија јавноста: Една недела пред да ја добијат ќерката направиле нешто без дозвола од кралицата
Една недела пред да се роди Лилибет Дајана, но и пред да ја прашаат кралицата Елизабета дали на ќерката може да ѝ дадат име по неа, принцот Хари и Меган Маркл купиле корисничко име за веб страница под назив „Лили Дајана“.
Имено, четири дена пред да се роди Лилибет, во Калифорнија е регистриран домен LiliDiana.com, а на 31-ви мај уште еден домен LilibetDiana.com.
Кога се родила, Хари веднаш ја побарал Елизабета за да ја праша за дозвола на неговата наследничка да ѝ го даде прекарот на кралицата.
„Неговата баба беше првиот член од семејството кој го повика веднаш по раѓањето на ќерката“, велат лица блиски до семејството.
„Иако парот регистрираше два домени и уште неколку споредни, за да не ги 'заземе' некој друг, ако кралицата не го одобреше користењето на нејзиното име, Хари и Механ ќерката поинаку би ја крстиле“, тврдат изворите.
Оваа вест одекна во Велика Британија, само еден ден откако се очекува принцот Хари да се врати во својата татковина. Тој треба да остане во куќата која ја дели со принцезата Јудџин, сè до церемонијата на откривањето на споменикот на неговата мајка Дајана.
На споменатиот настан треба да се сретне со принцот Вилијам, со кој не разговарал уште од погребот на принцот Филип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа