Го барале со потерница - Маж ќе лежи во Идризово

 

Полицијата вчера вечер околу 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар" во Гостивар, го привела Б.Н.(42) од селото Чегране.

МВР денеска информира дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. 

 

04.03.2025 - 09:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега