Ги нема тетоважите: Се појавија фотографии од победникот на Евровизија пред да стане познат

 

На социјалните мрежи кружат фотографии од фронтменот на бендот „Манескин“ – Дамијано Давид кога бил средношколец.

Откако со својот бенд ѝ донесе победа на Италија на овогодишната Евровизија, не престанува да се зборува за 22-годишниот пејач Дамијано Давид.

Згодниот Италијанец ги освои женските срца ширум светот, а очигледно дека нив им се допадна самоуверениот настап во потпетици, необичниот костим без маица, но пред да стане познат тој изгледал поразлично.

На социјалните мрежи сега се појавија фотографии од момчето кога било средношколец, а на нив тој има кратка руса коса и позира во бела кошула, но има и една фотографија на која позира без маица.

Многумина се согласни дека Италијанецот отсекогаш бил толку многу убав.

Стилот драстично го сменил откако се прославил со бендот „Манескин“ кој во 11-та сезона на телевизиското шоу „X Factor“ во 2017 година завршил на второто место.

Инаку, на неговиот шарм не успеала да одолее ниту Сања Вучиќ (28) од групата „Hurricane“ која на овогодишната Евровизија ја претставуваше Србија.

Таа јавно на конференцијата за медиумите призна дека Италијанецот е презгоден и дека би се венчала за него, но како „проблем“ ја истакна нивната разлика во годините (шест години).

Исто така Дамијано веќе четири години е во среќна врска со италијанската инфлуенсерка Џорџа Солери (25).

Инаку, по финалето на Евровизија социјалните мрежи беа преполни со снимки на кои изгледа како Дамијано да шмрка нешто бело од масата во т.н. зелена соба, но откако се најде на мета на обвиненија дека консумира дрога, направи тест којшто беше негативен и потврди дека тоа се само шпекулации.

 

 


26.05.2021 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега