ФОТО: Папарацо снимија како изгледа Џеј Ло без филтери и фотошоп
Џенифер Лопез папараците ја фотографирале во Лос Анџелес. Од овие фотографии може да видиме забележиме дека пејачката и без трошка филтер и фотошоп изгледа одлично.
Имено, папараците ја уловиле Џеј Ло во Лос Анџелес додека одела на снимање, а 51-годишната актерка и пејачка блескала во едноставна летна комбинација.
Лопез носела бел тесен фустан, очила за сонце, а косата ја оставила во нејзиното најприродно издание - со локни.
На фотографиите таа гледа во мобилниот телефон, па поради тоа се задржала малку повеќе и папараците можеле да ја фотографираат во нејзиното оригинално издание.
Пејачката тврди дека не јаде шеќер, не пие алкохол, не пуши, но избегнува и јаглени хидрати, а се колне и во моќта на маслиновото масло, како и крема за сончање - вели дека тоа е тајната за нејзиниот изглед.
Според приложеното можеме да заклучиле дека иако моментално ужива во обновената романса со поранешниот вереник Бен Афлек, Џенифер Лопез не ги занемарува работните обврски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа