ФОТО: Норма има над 70 години и изгледа како девојка - откри што јаде за да биде витка и млада
Трендот наречен вечна младост зема голем замав. Жените станаа опседнати со годините, стареењето и задржувањето на младешкиот изглед. Се’ повеќе дами на социјалните мрежи покажуваат како им пркосат на годините.
Една од нив е и Норма Вилијамс која вели дека стареењето е само состојба на умот. Таа има 70 години, но тоа не се гледа на нејзиното лице и тело, бидејќи Норма изгледа како девојка.
Норма не само што изгледа младолико, туку така и се однесува. Еден ден одлучила да го напушти врнежливиот Лондон и да го продолжи својот живот во сончевата и весела Италија. Таа открила дека сега се чувствува многу подобро и дека понекогаш има впечаток дека има 20, а не 70 години.
View this post on Instagram
Но како Норма успеала да ги победи годините? Таа изјавила дека цел живот јадела здраво и вежбала.
Со тренинзи почнала кога имала 20 години, и оттогаш секојдневно се труди многу да пешачи и да урамнотежено да се храни.
Нејзиниот појадок се состои од две капучина и малку леб, банана или портокал или некое друго сезонско овошје.
За вечера, Норма јаде зеленчук со протеини, морков, брокули, грав, печурки со соја-сос, маслиново масло, семки, боровинки или чипс од јаткасти плодови.
Нејзино омилено јадење се шпагетите со маслиново масло, кое го додава во сите оброци.
Помеѓу оброците често јаде темно чоколадо, салата со павлака, мед и ореви.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа