ФОТО: Италијанската водителка во турска бања - Убавата Дилета го запозна семејството на „романтичарот“
Италијанската водителка Дилета Леота, позната на сите љубители на фудбалот и Серија А, моментално се наоѓа во Истанбул, каде отпатува со своето момче Џан Јаман кој на многумина им е познат како „Романтичарот“ од истоимената серија.
Не е само туристичко патување, патем италијанските медиуми открија дека Дилета Леота го запознала семејството на турскиот актер, а причината е што парот наскоро ќе стапне на „луд камен“, па наводно венчавката е веќе закажана во Сардинија.
Таа објави и фотографија во бел фустан, што исто така може да биде сигнал дека приказните за венчавката се вистинити.
Дилета уживаше во убавините на Истанбул, па отиде и во турска бања се расоблече и позираше со крпа околу градите.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа