ФОТО: Имала 170 килограми, јадела по 10 бургери во еден оброк - ослабела 80 килограми и изгледа одлично
Клер Бурт од Нов Зеланд во март минатата година имала 150 килограми, а потоа се одлучила на операција на желундикот и ослабела 80 килограми.
Како што раскажала, толку јадела што еден нејзин оброк бил доволен а шестчлено смеејство.
-Тие 150 килограми не се ништо - шест недели пред тоа имав 170 килограми. Бев очајна и целосно отсечена до светот. Ја пробав секоја диета, секој лек, се што видов и ништо не ми помогна - вели таа, додавајќи дека 10 години се обидувала да ослабе на различни начини.
View this post on Instagram
-Да не добиев можност да одам на операција за намалување на желудникот, себеси со прејадување ќе се однесев во гроб, во тоа сум целосно уверена - вели таа.
-Штом се разбудив после операцијата, мозокот ми беше целосно мирен, не мислев на храна. Како тој да знаеше дека направивме нешто што ќе ни го прмени животот, рекла Клер.
Вкупно ослабела 80 килограми, а отстранет ѝ бил 80 отсто од желудникот.
-Некогаш за еден оброк јадев 10 бургери, две порции помфрит, две бурита и газиран пијалок. Потоа би изела две големи пици и ушпте сок. Секако дека тука се и слатките. Само на храна трошев огромни суми пари. На крај вече не можев ни сама да облечам гаќи. Паднав во депресија и повеќе не можев да излегувам од дома. Сега живеам целосно поинаков живот и таа операција е најдобрата работа која ја направив за себеси * раскажа Клер.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа