Експерт открива зошто е важно вратата од спалната соба да ви биде затворена
Педијатарката Нес неодамна објавила важно видео на ТикТок кое се однесува на безбедноста на децата.
Таа во видеото објаснува зошто вратата од детската соба треба навечер да биде затворена. На снимката, Нес покажува како изгледаат две спални соби по пожар: една чија врата била отворена и друга чија врата во текот на пожарот била затворена.
„Тука одлично се гледа разликата во собите по пожарот“, вели Нес, покажувајќи како изгледаат просториите во домот, сместени една до друга.
Aко вратата од собата е затворена, објаснува педијатарката, во случај на пожар во домот во собата ќе навлезе помала количина на јаглерод моноксид, ќе остане повеќе кислород и температурата помалку ќе порасне.
„Во случај на пожар, затворената врата е единствената бариера помеѓу вас и огнот, чадот и смртоносниот јаглерод моноксид“, велат научниците од американскиот Институт за безбедност и заштита од пожари (FSRI), а тоа го потврдила и докторката.
Видеото добило многу лајкови и коментари во вид на благодарност. Родителите ѝ порачале на Нес дека отсега ќе ги затвораат вратите од детските соби на своите деца.
Which room do you want your kids in if there was a fire? #childsafety #firesafety #parentsoftiktok #parents #learnontiktok #tiktokdoc #safety #kids
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа