Двајца скопјани кривично ќе одговараат - запалиле угостителски објект

 


Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општа сигурност во врска со предизвикување општа опасност.

На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град, објави МВР во дневниот полициски билтен.

20.11.2024 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега