Дури ни гаражите не се сигурни - крадци украдоа БМВ од гаража

 


Вчера во 21.45 часот во Полициското одделение Галате, 56-годишниот Ш.Ч. од с.Топлица, гостиварско, пријавил дека од неговата гаража, која се наоѓа во приземјето на неговата семејна куќа, му било одземено неговото патничко возило ,,БМВ“ со гостиварски регистарски таблички, информира МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.

14.02.2025 - 15:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега