ДУИ: Вака не може - Албанците ги изолираат во посеебни канцеларии

 

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која спроведува јасна дискриминаторска политика со цел потчинување и исклучување на Албанците од оваа институција - се вели во соопштението на ДУИ

„Вонредниот инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат, инициран врз основа на анонимна претставка со тенденциозна и антиалбанска содржина, не претставува ништо друго освен организиран обид за отстранување на албанските вработени и создавање амбиент во кој тие се третираат како граѓани од втор ред.

Од првиот ден на нејзиниот мандат, Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во оваа институција, започнувајќи со нивно разрешување од раководни позиции, нивно изолирање во посебни канцеларии и нивно нееднакво третирање во организацијата на работата. Оваа исклучувачка политика е неприфатлива и претставува директен напад врз еднаквоста и општествената кохезија.

ДУИ нема да дозволи ваквиот дискриминаторски пристап да помине без реакција и бара од надлежните институции да преземат мерки за запирање на оваа неправда. Етничката дискриминација нема место во ниту една јавна институција, а правата на секој граѓанин мора да се почитуваат без разлика.“ - се вели во соопштение на ДУИ

15.01.2025 - 09:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега