Драматична сцена на аеродромот во Лос Анџелес: Автомобил ја проби оградата пред принцот Хари да полета за Велика Британија
Принцот Хари слета во Велика Британија за церемонијата на откривање на статуа за неговата покојна мајка.
Се очекува Хари пет дена да се самоизолира во викендицата Фрогмор во Виндсор пред да се сретне со неговиот брат Вилијам на 1 јули во платата Кенсигтон на 60. роденден на принцезата Дијана.
Неговата сопруга Меган Марк и децата Арчи и Лилибет останаа во Калифорнија.
На меѓународниот аеродром во Лос Ангелес имало непријатна сцена. Како што јавуваат западните медиуми, пред Хари да влезе во авионот автомобил ја пробил оградата и удрил во објектот принудувајќи службените лица накратко да ги затворат пистите.
Возачот е приведен, а на аеродромот е забележано големо полициско присуство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа