Драма во скопско - Се запали куќа
Голем пожар избувна викендов во куќа во скопското село Трубарево. Околу 6:40 часот во задниот дел од куќата на М.Г. каде што се наоѓала кутијата со електрични осигурачи настанал пожар кој ја зафатил и фасадата од куќата.
Во Градската општа болница 8-ми Септемри во Скопје на нејзиниот сопруг М.Г. , нејзиниот син П.Г и нејзиниот девер В.Г. им била пружена лекарска помош поради вдишување на чад.
Се очекуваат повеќе детали од МВР.
05.05.2025 - 08:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа