Драма во Дебар: Пукано кон полицајци - напаѓачите се дале во бегство
Вчера во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки и активности, на периферијата на Дебар, забележале две лица кои се движеле во правец на Република Албанија.
При обид да бидат запрени, лицата испукале неколку куршуми од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле и лицата се дале во бегство.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
20.12.2024 - 16:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа