Дадилка стана интернет сензација поради својот глас: Пее како принцеза од Дизниевите цртани филмови (ВИДЕО)
На едно девојче од САД многумина би ѝ позавиделе бидејќи нејзината дадилка има идентичен глас како Ариел.
Имено, неодамна мајката на девојчето, Ники, тајно ја снимила дадилката на својата ќерка како пее песна од цртаниот филм „Малата сирена“, а потоа видеото го објавила на социјалната мрежа ТикТок.
„Се обидувам да ја охрабрам почесто да го пушта нејзиниот глас, но нејзиниот изглед ја обесхрабрува. А сè што моите деца и јас гледаме е убавина“, напишала мајката на девојчето.
Видеото го погледнале повеќе од 11 милиони луѓе, а гласот на оваа девојка воодушеви многумина.
„Девојко ме расплака, твојот глас е мелем за уши“, гласи еден од коментарите.
По големата популарност на ова видео, Ники заклучила дека треба да го користиме интернетот за ширење на позитивна содржина.
„Сè што нѝ е потребно на овој свет е малку љубов и позитивност, затоа ширете ја“, заклучила Ники и споделила уште едно видео во кое овојпат дадилката пее песна од популарниот цртан филм „Мулан“.
@delaneyreneemusic so happy you’re in our world #disney #singer #mom #babysitter #thevoice
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа