Чолиќ признал со која пејачка водел љубов: После 3 дена се чувствував искористено
Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански ѕвезди, но и пејач по кој лудуваа жените ширум светот.
Пејачот е во складен брак веќе 20 години и има 2 ќерки. Сепак, Чилоќ во 1997 година шокирал со своето признание дека го завела Фрида Лингстад од групата АББА и раскажал детали од нивната врска на кратко.
Се се случило кога Чолиќ со песната „Гори ватра“ ја претставувал Југославија на Евровизија, Фрида истата година била придружен вокал на шведскиот претставник, а тогаш се случила и споменатата средба поради која за малку ќе задоцнел на настап.
„Фрида од групата АББА ја запознав на Евровизија, каде на друго место. После следуваше повик на викенд. Делуваше ветувачки, но после целата таа тридневна идила се почувствував искористен како инстант супа. Вариш пет минути, јадеш брзо и тоа е тоа.А, се имаше и камин и свеќи и цвеќе, коцкасти завеси и чаршави, печена риба во фолија со бадеми и етерични масла...Но, онаа вистинска, лудачка страст, која се случува меѓу маж и жена, немаше.
Немаше спонтаност, се изгледаше како кога ќе закажеш вежбање за двајца во теретана“, раскажал Чолиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа