Цеца летово ќе има два концерти во Македонија: Се радувам на дружењето
Балканската турбо фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ се враќа на музичките ангажмани, после повеќе од една година пауза поради пандемијата Ковид 19.
На својот Фејсбук профил таа објави листа на градови во кои ќе одржи концерти, меѓу кои се Охрид, на 14. август и Пробиштип на 21. август.
-Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ, која преполнува сали и локали секогаш кога и да настапува во Македонија.
29.06.2021 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа