Би Би Си со документарен филм ќе ја одбележи 30-годишнината од објавувањето на албумот на Нирвана "Nevermind"

 

Вториот студиски албум (Nevermind) на групата Нирвана е објавен на 24 септември 1991 година, а во знак на 30 годишнината од издавањето на тој албум, Би Би Си го најави документарниот филм "When Nirvana Came to Britain".

Во документарецот ќе се следи приказната на Нирвана од 1989 година, кога бендот ја посети Велика Британија во пресрет на турнејата Bleach, па сѐ до самоубиството на Курт Кобејн во 1994 година. Во синопсисот е наведено дека Нирвана во Британија го најави новиот вид на рок кој ја промени тогашната музичка индустрија и значајно влијаел врз младината.

 

 

 

Ќе бидат прикажани архивски и приватни снимки од членовите на бендот, како и посетата на помалку познатите британски локации кои одиграле изненадувачка улога во подемот на Нирвана. Интервјуто со Дејв Грол и Крист Новоселик ќе овозможи дополнителен увид во посебната врска помеѓу Нирвана и Велика Британија.

 

"Вашата земја многу побрзо ја прифати нашата работа отколку Америка. Се сеќавам добро дека после турнецијата во Британија заминавме во Америка, каде свиревме пред стотина луѓе. Дефинитивно не беше како во Британија. Вие сте нашиот втор дом", рекол Грол.

06.09.2021 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега