Апсења во Скопје, Прилеп и Велес

 


Полицијата во текот на вчерашниот ден апсеше во повеќе градови во Македонија.

На 19.02.2025 во 14.20 часот на ул.„Трајко Николоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.Т.(32) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година и шест месеци. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп за издржување на назната.

На 19.02.2025 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(28) затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17 - годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б(27) од Лозово. При преглед кај него и во возилото кое го управувал, кај него била пронајдена зелена тревкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 18.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.02.2025 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

20.02.2025 - 12:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега